Основни насоки за PTC

Како до парички на нет

Основни насоки за PTC

Postby predator » 11 Dec 2013, 09:06

1. Ако веќе сте решиле да потрошите дел од вашето време на некој сајт добро би било да соберете некои основни информации. За среќа до информации се доаѓа многу лесно.
Пред да почете да кликате на некој сајт посетете ја страната PTC Investigations.
http://www.ptc-investigation.com/default.aspx
Во полето за пребарување внесете го сајтот на кој што имате намера да му се посветите. Пр. twodollarsclick.com, ќе откриете дека таквиот сајт е скам, односно нема да можете да си ги повлечете парите кои што сте ги заработиле. http://www.ptc-investigation.com/pages/ ... click.aspx

Или Probux, http://www.ptc-investigation.com/probux.aspx. Стои Not Recommended, зошто и како најдобро да си прочитате.

2. Доста често се случува и некоја страна која што плаќала преку ноќ да премине во скам.
Или да настанат некои промени, пример AyuWage кој што го фалев и на овој форум го намали драстично бројот на реклами па престанав да ги кликам и останав само на заработката од live surf и interactive surf, а потоа и тоа ми здосади и го напуштив сајтот.

3. Откако ќе се зачлените на некој сајт откривате дека заработката е многу мала. Некои 0,001 - 0,01$ од едно кликнување. Се сложувам но најчесто ваквите сајтови освен кликање нудат и други можности за заработка. Наградни игри, Мини задачи, рентани и дирекни реферали, итн. Јас ова го надминувам со собирање на заработката од повеќе сајтови и вложување на парите во 1-2 сајта. Направив и блог http://earnwiththebestptcsites.blogspot.com/, но немам некоја корист од него, најверојатно не е ни добар а треба и да го промовирам, а за тоа немам желба и време.

4. За мини задачите има поделено мислење. Едно време и јас доста ги решавав, но потоа ги баталив. Ми здосадија, но ако ви лежат пожелно е да ги решавате. Некои на овие сајтови се исклучиво само поради овие задачи, го усвршиле нивното решавање, а бидејќи CrowdFlower(компанијата која стои зад овие задачи) ги рангира со време добиваат подобро платени задачи.

5. Дирекни реферали се сите оние кои што ќе се регистрираат на некој сајт преку вашиот реферрал линк. Можете да користите за таа цел и банери, ќе ги најдете најчесто во некоја секција на самиот сајт на пр. Promotional tools. Можете да ги поставувате на блогови, некои сајтови и форуми итн.
Од вашите реферали добивате процент од нивната заработка, но тоа не влеијае врз заработката на самите реферали. Да е поинаку никој не би сакал да биде нечиј реферал. :)

6. Рентани реферали. Ги плаќате на определено време, на пример 0,2$ за 30 дена. На некои сајтови ги има на некои не. Дали се исплати или не, зависи од сајтот, ќе треба добро да се информирате дали да зимате рентани и под кои услови. На пример на некој сајт каде сте се зачлениле не се исплати да ги рентате, но ако направите апгрејт и со тоа ќе добиете на пример премиум членство, ваквите реферали може ќе ви се исплатат. Рентаните реферали кај нејголем дел од сајтовите се ботови и заработката од нив е контролирана од сопствениците на сајтот.
User avatar
predator
user
 
Posts: 53
Joined: 24 Apr 2013, 05:51

Return to ZNN Forum Makedonija

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron